СОНК и МОН ги продолжија преговорите за уште десет дена – оделе во нагорна линија

t

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК и Министерството за образование и наука (МОН) на денешната онлајн средба се договорија преговорите меѓу СОНК и МОН да продолжат за уште десет дена.

Како што соопшти СОНК, на средбата, неминовен бил заклучокот дека двете страни на колективниот работен спор имаат потреба од поголем временски период од 10 дена, под покровителство на назначениот помирувач од Министерството за труд и социјална политика, а во рамките на рокот согласно член 27 од Законот за мирно решевање на работни спорови, со оглед на фактот што, како што наведуваат од СОНК, преговорите се движат во нагорна линија.

Со оваа препорака, појаснуваат од СОНК, предвидено е во дополнителните 10 дена, да се утврди процентот за усогласување на платите на вработените во дејностите основно и средно образование, како и дефинирање на крајни рокови за склучување на новите колективни договори за основно и средно образование.

– Содржината на препораката се утврдува со цел во понатамошните преговарања да не се почнува одново, туку од таму каде што е постигната согласност, а со цел изнаоѓање на оптимално решение за страните, во насока на одговорно разрешување на настанатиот спор, соопшти СОНК.

Работната средба меѓу СОНК и МОН се одржа во попладневните часови преку електронски пат, во рамките на десетдневниот рок за помирување, за усогласување на платите на вработените во дејностите основно и средно образование, со пораст на минималната плата на национално ниво.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исплатени се студентските стипендии заклучно со месец…

Министерството за образование и наука изврши исплата…

Канал 5: Сопругата на Таравари се вработила…

Сопругата на претседателскиот кандидат на албанската опозиција…

МОН: Поедноставено аплицирањето за финансиска поддршка на…

Министерството за образование и наука потсетува дека…

Путин: Подготвен сум да преговарам со Украина

Претседателот Владимир Путин вели дека Русија ќе…

“Тајмс”: Западот мора да поддржи мировни преговори…

Конфликтот во Украина не може да продолжи…