Сопругот на Јанкуловска: Освен во Авганистан, дискриминација по пол има и во Македонија

t

Освен во Авганистан, и кај нас има дискриминација по пол, вели адвокатот Влатко Илиевски откако Комисијата за заштита од дискриминација оцени дека екс министерката Гордана Јанкулоска е дискриминирана во затворот Идризово.

Илиевски и Јанкулоска очекуваат државата веднаш да го промени Правилникот во Идризово, за жените затворенички да имаат исти права и привилегии како и мажите.

Тој очекува Гордана Јанкулоска да ги добие правата кои и следуваат.

За нас ова e морална сатисфакција и потврда дека биле исправни нашите аргументи за дискриминација на Гордана по основ на пол. Очекуваме Гордана конечно да ги добие правата кои што и следуваат и кои одамна ќе ги имала доколку била машко. Очекуваме министерот/Владата итно да им ги овозможи на жените истите права што ги имаат и мажите, рече тој за Макфакс.

Додаде дека  тоа може да се направи веднаш со корекција на Правилникот во насока на тоа за жените со остаток на казна под 3 години да се применуваат истите критериуми како за мажи без оглед што физички се сместени во Идризово (затвор од затворен тип).

– Во перспектива, државата да постапи по препораката и за жените осуденички да овизможи просторно сместување во соодветни установи зависно од висината на казната. Ќе почекаме државата да постапи, ако не постапи ви разумен рок (веднаш) со оглед на карактерот на ограничувањата ќе продолжиме институционално да се бориме, вели Илиевски.

Тој потсетува дека ова е вторпат да се утврди дискиминирачки однос врз Јанкулоска.

Потсетува дека домашните институции треба да се грижат за односот кон затворениците, а не тоа да го прават странците кои само ја оценуваат работата според извештаите кои ќе ги добијат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР: Лице барано со потерница спроведено во…

Денеска (07.04.2024) во 00.05 часот на подрачјето…

Затвореник од Издризово, излезен на викенд, со…

43-годишен осуденик од затворот Идзризово кој користел…

Спасовски: МВР започнува реконструкцијата на Центарот за…

Започнува реконструкцијата на Центарот за обука во…

Осуденик се обидел да избега од Идризово

МВР соопшти дека вчера осуденик се обидел…