СОСТОЈБАТА НА ЗАТРУЕНИТЕ ПАЦИЕНТИ ОД ПОЖАРОТ Е СТАБИЛНА – Добри се и двете хоспитализирани деца
Вкупно 43 лица се хоспитализирани по пожарот во зграда во Чаир што избувна утрово. На Клиниката за токсикологија биле примени 31 пациент, од кои пет се задржани на болничко лекување. На Детската клиника биле примени 12 деца, од кои две се задржани на лекување. Сите пациенти се во стабилна состојба.
Како што информира за МИА директорот на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев, таму денеска имало 31 пациент од кои пет се задржани на болничко лекување.
– Од 3:30 по полноќ, до 14 часот, низ нашата клиника се поминати 31 пациент од кои пет се задржани на болничко лекување. Ја примија соодветната терапија, сите се стабилни – рече тој.
На Детската клиника, според информациите на директорот, Реџеп Мемеди, денеска биле примени 12 деца на возраст од 5 месеци до 11 години.
– Вкупно 12 деца дојдоа кај нас на возраст од 5 месеци до 11 години. На прием кај нас беа во релативно стабилна состојба. Само 4-5 од нив ги ставивме на кислородна поддршка. Тие се мониторирани и направени анализи, сите беа во стабилна состојба во однос на виталните функции. Од нив 10 деца на барање на родителите се испишани, наша препорака беше да ги задржиме. Само две се задржани – информираше тој.
Помеѓу хоспитализираните лице, како што претходно информираа од Министерството за внатрешни работи и Центарот за управување со кризи, имало и еден полицаец и еден пожарникар.
Во 01:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во подрумски простории во зграда на улица „Серава“ во Скопје. На лице место била упатена екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и полициски службеници од СВР Скопје. Пожарот се гаснел со седум возила и со 20 пожарникари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Телеграф“: Полицијата се сомнева дека Иран стои…
Британската полиција се сомнева дека Иран најверојатно…
Рајна падна под „нулата“ кај Кауб: Се…
Една од најважните трговски артерии во Европа…
Заменик-директорот на ФБИ поднесе оставка една година…
Заменик-директорот на Федералното истражно биро (ФБИ), Ендру…
Повеќе делови од Скопје во вторник ќе…
Поради планирани технички зафати, мрежни активности и…
Спејс Икс ја лансира најголемата и најмоќна…
Aмериканската компанија Спејс Икс го изведе 14-тото…