Сотировски: Крстот е верско обележје и поставен на манастирски имот – што правиме со објектите изградени на државно земјиште?
Претседателот на комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски попладнево преку друштвените мрежи го искажа ставот во врска со поставениот крст на Попова Шапка.
Сотировски вели дека со години наназад се гради кој каде ќе стигне.
„За разлика од многубројните објекти, на катови и со оградени дворови на државно земјиште, Крстот е поставен на манастирски имот и прашање е дали било каде во земјава за поставување на крст во двор на манастир некој дал дозвола. Крстот е верско обележје. Што правиме со многуте објекти профани и сакрални изградени на државно земјиште? Ете, на Попова Шапка такви има насекаде. Зошто за ниту еден од нив до сега не заседаваше вонредно Советот?“, пишува Сотировски на друштвената мрежа Фејсбук.
Тој иницира Советот на општина Тетово да одржи вонредна седница, која би била отворена за јавноста, каква што веќе побарале дел од советниците, па така да се добијат одговори на многуте прашања кои ги имаат граѓаните.
„Двојните аршини се погубни во демократија“ додава Сотировски.
Сотировски е изненаден од брзината со која е закажана воредната седница (нецели три часа од барањето).
„Особено имајќи во предвид дека на пример барањето предлогот на ,,Тетово сака парк” да биде разгледан на седница на Совет на општина Тетово сеуште чека речиси две години. Верските симболи ги следат верските објекти, крстот и минарето одат до цркви и џамии. Во мултикултурно и мултирелигиско општество со секој човек пак, мора да оди толеранцијата и почитта кон различниот“, додава Сотировски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) ВОЗИ СО НАД 200 КМ/Ч И…
Возење со брзина поголема од 200 километри…
Ајзенкот доби мандат за формирање влада во…
Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“,…
Mихајлова: Тоа што сум родена во Македонија…
Ива Михајлова даде интервју за бугарските медиуми.На…
Трамп: Америка со последните избори направи голем…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска оцени дека…
Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изрази сочувство до семејствата…