Со Алијанса во Владата се обезбедуваат услови за политичка стабилност и владеење на правото, велат од СДСМ
СДСМ обезбеди поголемо парламенатарно мнозинство за реформи, економски политики и забрзана интеграција на државата во ЕУ. Со вклучување на Алијанса како нов коалициски партнер во Владата се обезбедуваат сите услови за политичка стабилност, унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата, како и зголемена ефикасност на Собранието и институциите, соопштуваат од партијата.
Во време, кога се уште трае енергетската и економската криза од големо значење е да се спречат блокадите на ВМРО-ДПМНЕ, да нема заглавени закони во Собранието. Зголеменото владино мнозинство ќе се грижи за справување со кризата, унапредување на животот на граѓаните, заздравувањето на економијата да започне веќе оваа година. Зголеменото мнозинство овозможува да продолжи енергетската транзиција, економските иницијативи како Отворен Балкан, регионалната соработка, поголема поддршка за стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на добрососедските односи – велат од Центарот на комуникации на СДСМ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Максим е патриот на батерии од Кина“…
Алијансата на Албанците реагира на најавите на…
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…