Со воведувањето скапа и противуставна двојазичност во трговијата продолжуваме да ја плаќаме цената на племенизацијата на Македонија преку дозволување на чисто етнички партии

t

Со воведувањето скапа и противуставна двојазичност во трговијата продолжуваме да ја плаќаме цената на племенизацијата на Македонија преку дозволување на чисто етнички партии.

Според Венецијанската комисија на Советот на Европа, државите може да забранат политички партии кои се залагаат за промоција на само едно етничко малцинство, кога од политичкиот контекст во државата произлегува дека понатамошно поттикнување конкуренција помеѓу политички партии здружени врз основа на етничка или верска припадност е опасно.

Во Македонија, понатамошниот натпревар помеѓу ДУИ, Алијанса, Алтернатива, Беса кој ќе обезбеди повеќе права на албанското малцинство неминовно води до кршење на Уставот и поттикнување национална нетрпеливост, без никако суштински да го подобрува животот на Албанците.

Албанците одамна имаат многу повеќе малцински права од тоа што е предвидено во меѓународното право и ДОЗВОЛЕНО во Уставот на РМ. И во теорија и во пракса се целосно рамноправни и почитувани граѓани. Не постои едно малцинско право кое Албанците во Македонија може допрва да го добијат, a тоа право да не биде противуставно и да може непроблематично да се спроведе во унитарна, нефедерализирана држава. Затоа, дејствувањето на етнички партии како ДУИ е веќе бесмислено, неуставно и закана по државата.

Уставот и “европските” вредности налагаат следната лидерска да е на тема – забрана на работата на чисто етнички партии и воведување обврска партиите да работат според идеолошки јасна програма во корист на сите граѓани во државата.

(фејсбук статус на Влатко Токарeв)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Златото и среброто тонат, изгубија до 60…

Златото и среброто се соочуваат со остар…

Пакистански државјанин осуден на 27 и пол…

Пакистанскиот државјанин, 48-годишниот Асиф Мерчант, е осуден…

Силен земјотрес во Романија почувствуван и во…

Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени според…

Путин и Си ја продлабочуваат соработката: Русија…

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател…

Кој го праша? Според Еди Рама, Бугарите…

Албанскиот премиер Еди Рама вчера изјави дека…