Со возило удрил Албанка и ја оставил на улица: Жената со тешки повреди заврши во болница

t

Ја удрил со автомобил и ја оставил да лежи на патот. Овој настан се случи во Струга на 9 јануари, кога автомобил удри во 58-годишна жена од Албанија, која живее и работи во Струга.

Повредената со тешки телесни повреди е пренесена во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид. Таа има една операција и се подготвува за втората операција.

„Пред неколку дена жена од Албанија беше згазена на пешачкиот кај факултетот ФОН, лицето што ја згази ја остави жената и побегна. По некое време, половина час или час, поминал некој случајно, ја видел жената и повикал брза помош“, вели Шкељзен Ајруали.

Оваа државјанка на Албанија живеела и работела без редовна документација во Струга, а сите медицински услуги мора да се вршат приватно. За да и помогне на госпоѓата здружението „Хуманитарци Струга“ ја искористи можноста и собра средства за една операција која чинеше над 3000 евра. Сега собираат средства за втората операција.

„Операцијата чини 2.700 евра, а таа вечер направија и некои други интервенции, а следниот ден добивме сметка од 3.100 евра, додека во иднина не знаеме колку ќе чини и колку дена ќе треба да остане во болница. Досега е собрана сумата потребна за операцијата од таа ноќ, 3100 евра“, додава Шкељзен Ајруали.

Од струшката полиција велат дека се уште нема никаква разврска во врска со предметниот случај. Сторителот се уште не е пронајден и не е откриено како всушност се случил инцидентот.

„ОВР Струга превзема мерки и активности за расчистување на случајот од 09.01.2023 год за што беше пријавено дека патничко моторно возило удрило во МД (58) год жена од Р. Албанија и го напуштило местото . По расчистување на случајот дополнително ке биде известена јавноста“, вели Мерлина Ислами.

Надлежните апелираат сторителот да се пријави во полиција, а граѓаните да бидат максимално внимателни при возење низ населени места. Неодамна имаше неколку случаи со сериозни последици токму на пешачки премин.

Извор: TV 21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНОГУ Е БЕЛО ВО „БЕЛАТА ПАЛАТА“! Соработникот…

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков од…

Туристка воодушевено зборува за Охрид: „Зошто никој…

„Зошто никој не зборува за ова место?“…

Сведочење на Пендиков: Го тепале зошто се…

Со сослушување на оштетениот Христијан Пендиков, секретар…

Карта на “голема Албанија” во основно училиште…

Скандалозни фотографии со иредентистичка содржина се објавени…

ГИ УДРИЛО СТРУЈА ДОДЕКА ГАСНЕЛЕ ПОЖАР Повредени…

СВР Охрид соопшти дека синоќа околу 23…