СО К’СМЕТ ДА СТАНАМ ИЗВРШИТЕЛ: Рекордни барања за извршување, рекордни наплати и високи профити!
Извршителите мината година наплатиле рекордни 145 милиони евра долгови од граѓаните, од фирмите и од државата. Од таа огромна сума, 40,5 милиони евра се наплатени од граѓаните.
98 активни извршители, колку што има во Македонија, оствариле чист профит од 4 милиони евра. Првите 10, со вкупна добивка од околу 1,17 милиони евра, оствариле речиси една третина од тој профит, пренесува МИА.
Сумата што извршителите присилно ја наплатуваат се зголемува на годишно ниво. Минатата година, според Годишниот извештај за работата на Комората на извршители, бил наплатен рекорден износ на долг од фирми, граѓани и од државата во вкупен износ од 144,3 милиони евра. Ова е највисока наплатена сума на долг од 2006 година, кога започна присилната наплата на долгови преку извршители. Во однос на 2021 година, наплатениот долг е повисок за 14,3 милиони евра.
Но, минатата година биле доставени и рекордни 152.079 барања за извршување, па иако иако присилно наплатениот износ е рекордно највисок, интересно е дека степенот на реализација на примените барања изнесува 38,27% и тој е најнизок во последните години, што е показател дека се работи за барања за присилна наплата на високи износи, анализира порталот Порталб.
Највисоки износи на долгови присилно се наплатени од фирмите, потоа од граѓаните, а на трето место е државата. Во исто време, компаниите биле и први на листата доверители кои успеале да наплатат највисоки износ на побарувања од должниците.
Минатата година во земјава функционирале 92 извршители во 11 подрачја на основните судови во земјава. 11 извршители ставиле „клуч на врата“, најголем дел по лично барање, четворица поради пензионирање а една извршителка поради разрешување. Во истата анализирана година именувани се шест нови извршители.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Централните банки забрзано купуваат злато: Се преиспитува…
Централните банки ширум светот ги зголемуваат набавките…
Ројтерс: Иран подготвил планови за напади врз…
Иран подготвил детални планови за напади врз…
Зајкова: ЛДП нема да отстапи од барањето…
ЛДП е целосно независна, идеолошки автентична и…
Австрија протерува четворица руски дипломати поради безбедносни…
Австриското Министерство за надворешни работи соопшти дека…
Начевски: Да не беше Заев, Филипче немаше…
Коста Начевски, долгогодишен член на СДСМ и…