Со минута молчење: Фудбалот утре се враќа на терените во Премиерлигата
Англиската Премиерлига соопшти денеска дека натпреварите се враќаат од утре на програмата, откако претходното коло беше одложено поради смртта на британската кралица Елизабета Втора.
Премиерлигата и англиската фудбалска Федерација објавија минатата недела дека натпреварите кои беа закажани од петок до понеделник се одложуваат откако кралицата, најдолговечниот британски монарх, почина во својот дом во Шкотска на 8 септември, на 96-годишна возраст.
Одложени се и натпреварите во женската Суперлига и во пониските дивизии.
Во соопштението се наведува дека натпреварите во Премиерлигата ќе почнат со минута молчење и интонирање на британската химна. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев лут на ЕП за критиките за…
Бугарскиот премиер Румен Радев реагира за резолуцијата…
Петровска: На СДСМ му треба лидер со…
Славјанка Петровска потврди дека има амбиција да…
Германија уапси Украинец осомничен дека собирал воени…
Германските власти уапсиле украински државјанин во покраината…
ЕУ: Цврсто стоиме зад Меѓународниот кривичен суд
Европскиот парламент одлучи наградата „Сахаров“ за слобода…
Луѓе гинат и во ЕУ“: Морнарите бараат…
Синдикатот на морнари на Хрватска побара морското…