Со поговорката – „ТРПЕНИЕ, СПАСЕНИЕ“: Агелер со честиташе Денот на македонскиот јазик
Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер со видео објавено на социјалните мрежи го честита Денот на македонскиот јазик.
„Честит Ден на македонскиот јазик! Дали знаете дека некои американски дипломати учат македонски јазик пред да дојдат во Скопје? По повод овој ден, ги замоливме нашите колеги и волонтерите на Мировниот корпус на САД да кажат неколку македонски поговорки по нивен избор. Еве што избраа“, нагласува во видеото Агелер.
Учиме македонски. Учиме поговорки типични за македонскиот јазик.„Кој рано рани, две среќи граби“, „Што ќе посееш, тоа ќе жнееш“, „Два пати помисли, еднаш прозбори“, „Далеку оди и за дома мисли“, „Без мака, нема наука“, „Виното и ракијата немаат нозе, ама по нозе маваат“, „Трпение, спасение“…. се дел од поговорките на македонски јазик во видео ги кажуваат вработените во американската амбасада и волонтерите на Мировниот корпус на САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…
Димитриеска Кочоска: Министерството за финансии нема никаква…
На надзорната расправа во Комисијата за финансирање…
73-годишна жена била пронајдена почината во нејзиниот…
73-годишна жена вчера била пронајдена почината во…
Мицкоски: Предвремени избори би биле неодговорно однесување…
Предвремени избори би биле неодговорно однесување кон…
БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПОВИКА ВЛАДАТА ДА ГО СЛЕДИ…
Велика Британија нема да може да изгради…