Со подршка од архитектите, Расадник на пат да стане симбол на Кисела вода

t

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на својот фејсук профил објави нови детали околу планот за Расадник, кои ги пренесуваме интегрално:

📊 И третиот стручно-научен столб ја прифати соработката со Кисела Вода за Меѓународниот конкурс за Расадник 🤝

☝️ Ја поддржуваме секоја намера, идеја или одлука за преземање на активности за разрешување на одредени просторни проблеми по пат на стручен натпревар на идеи, концепти, ставови или решенија и затоа, ја прифаќаме вашата понуда за соработка.

👨‍🏫 Заедно со проф. д-р Мишко Ралев, како претседател на ААМ и Марта Илиевска, како член на Управниот одбор го разгледавме предложениот нацрт кој општина Кисела Вода го направи јавно достапен за целокупната јавност и продискутираа околу идеите кои можат да бидат инкорпорирани во финалниот текст.

👷‍♂️ Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ е најстарото архитектонско здружение во Македонија од оваа дејност, кое како најширок форум за стручна дебата во областите архитектура и урбанизам делува во насока на рационално користење на просторот според современите критериуми, норми, стандарди водени од принципите на одржлив развој и заштита на животната средина, чии резултати ќе придонесат за благосостојба на човекот и општеството.

📑 Воедно, оваа Асоцијација е и третиот стручно-научен столб кој покрај Архитектонскиот факултет во Скопје и Комората на овластени архитекти и инженери ја прифати понудата на Општина Кисела Вода за соработка при оформување на стручно издржан текст за Меѓународниот Конкурс за идејно урбанистичко – архитектонско решение за ДУП Расадник.

📜 При изработката, ќе учествуваат и членови од Партиципативно тело, за кое пријавувањето заврши со поднесени околу 25 апликации од граѓаните. Оформувањето на Партиципативното тело ќе биде доставено како предлог до Советот на општина Кисела Вода, на седницата кој ќе се одржи до крај на месецов.

🏞️ Со тоа, ќе бидат исполнети сите услови за објавување на Меѓународниот конкурс кој треба да даде решение за финалниот лик на Расадник. ☑️

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Расадник на пат да биде нов симбол…

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на…

(Видео) Ѓорѓиевски започна градежна офанзива во Кисела…

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,…

Ѓорѓиевски: Со цел зголемување на транспарентноста, оформено…

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски…

Арсовска ги „прегази“ партиските војници на СДСМ…

По долг временски период на бегање од…

Со подршка од архитектите, Расадник на пат…

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на…