Со ракети нападната американска воена база во Сирија!
Неидентификувани напаѓачи истрелале проектил врз воен комплекс во Сирија во кој се сместени американски војници и партнерски локални сили, соопштија американски воени претставници. Во тој напад не е направена никаква штета. Според извештаите, ракетата со калибар 107 милиметри не погодила ниту еден објект во американскиот комплекс Румалин, кој се наоѓа во североисточна Сирија.
Нападот се случи два дена откако претставник на Исламската држава беше убиен во американски напад врз село контролирано од сириската влада, јави Танјуг.
Американските сили беа распоредени во Сирија за време на администрацијата на американскиот претседател Барак Обама.
Повеќето од околу 900 војници се стационирани на истокот на земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…