Со секира и се заканувал на вработена во казино во Битола, па украл 8.600 денари
МВР информира дека вчера вечерта во 19:40 часот полициски службеници од СВР Битола во казино на ул. „Филип Втори Македонски“ во Битола го лишија од слобода С.Р.(53) од Битола, постапувајќи по добиена пријава околу 18:30 часот дека во казино лоцирано на ул. „Маршал Тито” во Битола, едно лице со закана со секира од вработената одзело околу 8.600 денари, по што се дало во бегство.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителот е лоциран и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка сообраќајна несреќа кај Битола: Четири возила…
Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на…
(Видео) Битола „на вода“ по вечерашното невреме
Силно невреме со обилен дожд вечерва ја…
Во битолското земјоделско училиште се запишале само…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска…
Матурантката од Битола, Искра Нечаковска, освои сребрен…
Македонското знаме се развиори во Шведска на…
Мечка нападна стадо во битолско, усмртена една…
Мечка утрово нападнала стадо овци во атарот…