Со сечење на џиновската пастрмајлија почна штипската „Пастрмалијада“

t

Со сечење на џиновската пастрамајлија и официјално се отвори манифестацијата штипска „Пастрмалијада“, а воедно се пушти во употреба и прво шеталиште во Штип, на улицата „Ванчо Прќе“. По тој повод денеска во посета на Штип беше и претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов ги покани граѓаните да уживаат во добрата музика овие два дена и да го вкусат штипскиот специјалитет.

Имаме еден нов изглед на една улица која досега беше сообраќајница, а денес веќе е пуштена во употреба како шеталиште. Општината издвои 11 милиони денари за поплочување на оваа улица, претходно се работеше на прилагодување на сообраќајните решенија. Штип го менува изгледот инфраструктурно, сообраќајно, визуелно благодарение и на централната власт, изјави Јорданов.

На отворањето на „Пастрмалијадата“, премиерот Мицкоски рече дека е задоволен и од програмата, но и од проектите во градот и посочи дека продолжуваат со поддршката за сите општини.

Сите оние кои имаат дилема како да го поминат викендот ги поканувам овде во Штип да уживаат во штипскиот специјалитет, штипската пастрмајлија. И се надевам дека ќе остане ова традиција и понатаму. Меѓудругото денеска сме овде и на отворањето на шеталиштето, изјави Мицкоски.

Претседателот на Владата, најави дека во Штип ќе се реализира и капиталниот проект обиколница, а која ќе чини околу два милиони евра.

Овогодинешната „Пастрмалијада“ е со нов концепт, нова локација и со цел да се врати традицијата и суштина на манифестацијата со настани за сите генерации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…

Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…

Прекината истрагата за Панчо од ДНК

Обвинение за 34 физички и три правни…