Со тродневна програма ќе се одбележи годишнината од трагедијата во „Пулс“

t

Кочани од 14 до 16 март со тридневна програма ќе ја одбележи годишнината од трагедијата во „Пулс“, во која животот го загубија 62 млади лица. Градот најавува денови на тишина, благодарност и достоинствено сеќавање.

На 14 март, под мотото „Молитвен шепот“, ќе се одбележи Ден на тишина. Во храмовите ќе се палат свеќи за упокојување на душите на прерано згаснатите животи. Организаторите посочуваат дека духовното единство треба да биде мелем за раните што сè уште болат.

Следниот ден, 15 март, ќе биде посветен на хероите. Под наслов „Кочани Ви благодари“, градот ќе им оддаде признание на лекарите, медицинските тимови и сите кои во критичните моменти помогнаа во спасувањето на повредените. Ќе бидат доделени статуетки на благодарност, а ќе се одржи и културна програма во чест на оние кои беа светлина во најтешките часови.

На 16 март, точно на денот на трагедијата, ќе се одбележи Денот на вечното сеќавање. Кочани ќе застане во мир и сплотеност, со оддавање почит на младите чии имиња, како што велат организаторите, засекогаш се врежани во темелите на градот.

Градоначалникот Грозданов до младите кои ја преживеаја кобната ноќ. Тој ги повика лично да ги поканат лекарите и медицинскиот персонал што се бореле за нивните животи.

„Ве охрабрувам сами да ги поканите вашите доктори, вашите ангели чувари. Општината ќе ги пречека со отворено срце и со сите почести, но вашата лична покана е она што ја прави разликата. Тоа е чин на жива благодарност“, истакна Грозданов.

Со оваа програма, Кочани испраќа порака дека болката не е заборавена, но дека благодарноста и сплотеноста остануваат трајна вредност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно…

Тело на младо лице било пронајдено во…

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Во судницата во Идризово при Основниот кривичен…

Седум бебиња родени за два дена во…

Кочани добива ретко убава и позитивна вест…

Фатен во Скопје дилерот кој ѝ избега…

Осомничениот дилер на дрога Александар Лазаров –…