Со фалсификувани македонски возачки направиле еден куп прекршоци во Белгија
Министерството за внатрешни работи информира дека Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје има поднесено кривични пријави против И.И.(45) и против Д.Ш.(33), и двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа” по член 378 од Кривичниот законик.
-Имено, И.И. набавил фалсификувана македонска возачка дозвола за управување со моторни возила од категориите ,,А”, „В”, „F”, „G” и ,,M”, додека Д.Ш. набавил фалсификувана македонска возачка дозвола за управување со моторни возила од категориите „В”, „F”, „G” и „M” и ја употребиле при управување возила во Кралството Белгија, наведуваат од Министерството.
Поради сторени сообраќајни прекршоци во Белгија, на двете лица им биле одземени дозволите и доставени до надлежните служби во државата, по што било утврдено дека се фалсификувани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
650 луѓе евакуирани по најголемиот пожар во…
Белгија продолжува да се бори со најголемиот…
Македонските возачки дозволи веќе не важат во…
Македонските граѓани се соочуваат со проблеми при…
Трагедија во Белгија: повеќе жртви во пожар…
Повеќе лица загинаа, а голем број се…
Белгија почна да произведува системи за откривање…
Белгија во соработка со австралиска компанија почна…
Хаос во воздушниот сообраќај во Брисел: Откажани…
Во белгискиот главен град Брисел е воведен…