Спасовски апелира: Граѓаните да се воздржат од пукање

t

Веселбите, за дел граѓаните се мотив да користат огнено оружје. Полицијата дополнително ќе врши контроли, периодов кога е сезона на свадби. Првиот полицаец Оливер Спасовски апелира – граѓаните да се воздржат од пукање.

„Мора да работиме на јакнењето на нашата јавна свест, реформа на умот, за која често пати укажувам дека ниту една легислативна реформа нема да биде доволна ако не направиме реформа на умот и не осознаме дека се ставаме во ризик и ние и нашите семејства, посебно преку употреба на оружјето во ситуации во коишто не треба да го употребуваме“, рече Спасовски.

Нелегалното пукање со огнено оружје се казнува меѓу 200 и 500 евра, доколку се прекрши јавниот ред и мир. А, доколку се предизвикаат последици се предвидува казна од една до пет години затвор.

Од 2012 до 2016 година во земјава се евидентирани 1 010 случаи на нелегална трговија со огнено оружје и муниција. Ова беше кажано на презентација на резултати од проект за оружја меѓу МВР и Програмата за развој на Обединатите нации, УНДП. Во три години се надрградил регистарот за оружје. Тој сега овозможува следење на патот на легалните оружја – од влегувањето во државата, па сè до крајниот корисник на оружјето. Со новиот Полициски информациски систем, МВР електронски ќе следи евентуални инциденти поврзани со легални оружја.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драма во скопско Шишево: Пукал кон соселанин,…

Жител на скопското село Шишево е приведен…

Приведен 73-годишник од скопско, со пиштол пукал…

На 16.05.2026 во 23:30 часот, полициски службеници…

Пукање во центарот на Атина: Четворица повредени,…

Грчката полиција започна потера по 89-годишен осомничен…

ФБИ бара да ја разјасни временската линија…

Администрацијата на Доналд Трамп се обидува да…

Сестрата на Кол Томас Ален се соочува…

Кол Томас Ален, осомничениот за пукањето на…