Спасовски за исплашената администрација во Арачиново која не иде на работа: Пријави ќе има, но нема да навлегуваме во „должничко-доверителските“ односи

t

Имаме пријава пред некој ден за нарушување на безбедноста во Општина Арачиново и веќе се преземени мерки во согласност со насоките кои ги даде Јавното обвинителство и ќе бидат поднесени пријави против овие лица, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашање околу најавите на Општината дека општинската администрација на Арачиново нема да работи од денеска поради безбедносни причини.

– Мислам дека сите тие работи кои се случуваат во Арачиново се работи кои мора да ги расчистуваат меѓусебно, затоа што меѓусебните конфликти коишто ги имаат лица од иста политичка провиниенција, лица со исти интереси итн, не смее негативно да се одразуваат на граѓаните, на работата на Општината, во смисла на функционирање и на потребите и остварување на потребите на граѓаните на Арачиново. Ние од наш аспект преземаме низа мерки кои значат да им помогнеме во овој дел, но тие, во наводници „должничко-доверителски односи“, кои ги имаат внатре од секаков аспект, со тоа што располагаме како полиција ќе мора да ги расчистат и да покажат дека приоритет се граѓаните на Арачиново. СМене ми е жал што Општината повторно се враќа во некое време во кое немаше никаква функционалност и не се решаваат ниту еден од проблемите кои се на граѓаните – изјави Спасовски по средбата со Одделот за воздухопловни единици при МВР што се одржа во Идризово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…