Спасовски: Од 2006 до 2015 имаме 331 убиство, од кои 38 нерасветлени

t

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вестите на Канал 5 во однос на прашањето околу криминалитетот и убиствата низ аргументи, факти и бројки направи компарација за периодот на ова раководство на МВР наспроти периодот кога со институциите раководеше претходната власт.

„За периодот од 2006 до 2015 година вкупно има извршено 331 убиство од коишто 38 се нерасветлени. Тоа е периодот во којшто денешната опозиција е власт и ги предводи институциите. Од периодот на 2017, па сѐ до денеска имаме 128 убиства од коишто само 13 се нерасчистени. Ова покажува и во обемот на намалување на криминалитетот – вкупен, меѓутоа и во делот на откривачката дејност – колку таа е зголемена. Ако зборуваме за криминалитетот вкупно во државата, за првите 9 месеци имаме намалување за 11% на криминалитетот, за разлика од минатата година или споредбено со 2022 година. Тоа е тенденција – да се намалува вкупниот криминалитет, да се зголемува ефикасноста, која годинава е зголемена за 4% во овие први 9 месеци. Ова се аргументи и факти кои треба во секоја прилика да ги изнесуваме во јавноста”, дециден беше министерот Спасовски.

Спасовски одговори и на обвинувањата и шпекулациите од страна на опозицијата во врска со неговото, во случајов оправдано отсуство, на седницата за пратенички прашања во текот на вчерашниот ден, кога беше домаќин на самитот на министри за внатрешни работи на ЕУ – Западен Балкан, во текот на шпанското Претседателство на Советот за Европа.

„За тоа благовремено го известив претседателот на Собранието и оваа беше една од ретките седници за пратенички прашања, ако не и единствена, на којашто не сум присуствувал. Во секој момент, бидејќи бев пратеник и знам што значи законодавниот дом, стојам на располагање да разговараме и одговараме на сите прашања коишто ги имаат пратениците. Апсолутно сум подготвен и затоа и сега ќе кажам – сите тие прашања коишто се поставуваат деновиве ги оценувам како дел од политиката или подобро политиканството врз основа на коешто се сака да се дојде до одредени политички поени”, истакна министерот Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР: Од 8 до 19 часот денеска…

Од 8 до 19 часот денеска ќе…

МВР регистрираше агитирање и нерегуларности за време…

За време на предизборниот молк регистрирани се…

Бојмацалиев: Успеавме МВР да биде МВР за…

Изминатите седум години на Министерството за внатрешни…

Се одбележува Денот на полицијата

Денеска со низа свечености се одбележува 7-ми мај Денот на…

Внимавајте, се вршат измами за случени сообраќајни…

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на…