Спасовски: Убеден сум дека постојат структури кои ја сфаќаат неопходноста на уставните измени и важноста на моментот

t

Според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски уставните измени се неопходност која треба да се направи за да исчекориме на европскиот пат.

-Европскиот пат е национален интерес на оваа држава и така треба да се гледа. Ова не е политика, уште помалку треба да биде политиканство коешто го прават политички партии од ден во ден. Остварувањето на националните интереси треба да биде врвен приоритет на секој еден политичар ако мисли за доброто на државата. Не гледам никаква алтернатива. Ако би имале ние 2-3 опции за тоа каде ја гледаме Република Македонија, тие треба да бидат понудени и граѓаните да знаат кој е патот. Огромното мнозинство на граѓани посакуваат да бидеме дел од ЕУ и ние треба да бидеме насочени кој тој пат, рече Спасовски во гостувањето во ТВ24.

Тој додаде дека ова е историски момент кој не смее да се пропушти.

– Мислам дека руската агресија врз Украина, геостратешките превирања создаваат поволен амбиент за напредок во евроинтеграциските процеси. Тоа мораме да го искористиме. Секогаш можностите се во дијалогот и разговорите. Политиката по дефиниција е уметност на можното. Јас сум убеден дека постојат структури кои можат да ја разберат сериозноста и неопходноста на овој момент кој треба да биде искористен, кажа министерот за внатрешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Гевгелија доби ново амбулантно возило

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион…

Две години затвор за Пеце Матевски, условни…

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски,…

Ја принудувал на полови дејствија, ја тепал…

На 05.11.2026 во СВР Куманово, 42-годишна жена…

Петмина тинејџери кривично ќе одговараат за бруталното…

Kривична пријава против петмината малолетници од Скопје…

Радев повторно се пожали дека „проблемите на…

„Европа мора да учествува во преговорите за…