Спасовски: Уништивме над 10 тони дрога пред два месеци
Ефикасноста во сузбивањето на нелегалната трговија со дрога е зголемена, уништивме над 10 тони дрога пред два месеци, истакна вчера во гостување во Клик Плус министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
– Во делот на спречувањето на присуството на дилери на дрога во близина на училишта, полицијата делува и превентивно и репресивно и евидентно е дека ефикасноста на полицијата е зголемена.
Ако ги погледнеме извештаите можеме и да забележиме конкретни податоци колку улични дилери се уапсени. Не само околу училиштата, било каде во градот. Минатата година имавме 23 уапсени дилери во еден ден на подрачјето на СВР Тетово. Ефикасноста на откривачката дејност е зголемена. Пред неполни два месеци имавме најголемо уништување на количина на дрога. Уништивме околу 10.300 килограми.
Најголемиот број од случаите со заплена на поголема количина дрога се меѓународни транспорти, односно преземени дејствија за прекинување на ланци на меѓународен транспорт, информира тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдени неколку видови на дрога: Четири лица…
Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се…
Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…
Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…
(Видео) Откриен тунел за трговија со дрога…
На границата меѓу американската држава Калифорнија и…
Тројца мртви во американски напад врз брод…
Американската војска повторно бомбардираше брод за кој…
Во автомобилот му наше бела грутчеста материја,…
МВР информира дека доцна синоќа во 22:20…