СПАСУВАЧКА АКЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Две лица паднале во длабока бездна, теренот е непристапен
Пред околу еден час на бројот 112 е добиен повик за помош на две лица кои со квадрицикл излетале надвор од земјен пат и паднале во бездна длабока околу 20 метри, после с. Алдинци во близина на вила „Принц“.
Од страна на ЦУК се известени и координирани МВР, Итната медицинска помош и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
Во тек е спасувачка мисија за извлекување на двете лица кои се наоѓаат во стабилна здравствена состојба со засега неидентификувани повреди.
На местото на несреќата е пристигната екипа на Итната медицинска помош но поради непристапноста на теренот се чека на тимот со специјална опрема од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, којшто се движи кон местото на несреќата и треба да пристигне во секој момент.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гренланд ги демантира тврдењата на Трамп за…
Гренланд денеска ја оспори изјавата на американскиот…
Нетанјаху: Нема да го нападнеме Иран пред…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека не…
(Видео) ХАОС ВО ТИРАНА: Втора вечер судири…
Албанската полиција вечерва употреби водени топови против…
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: Дрон погоди…
Нов инцидент во Црното Море дополнително ја…
Контејнерски брод потона во близина на Ормуската…
Контејнерскиот брод „GFS Pride“ потона во близина…