Специјалните сили на Македонија дел од мултинационална воена вежба во Грција
Силите за специјални операции од Македонија, заедно со специјалните сили од САД, Франција, Италија, Кипар, Бугарија, Австрија, Полска, Египет и домаќинот Грција учествуваат во мултинационалната воена вежба „ОРИОН-24“ што од 2 до 13 септември се одржува во поширокиот регион на областа Атика, јави дописничката на МИА од Атина.
Во рамките на вежбата планирани се десетици сложени сценарија како на копно, така и во вода и воздух, а од Генералштабот на националната одбрана на Грција на социјалните мрежи објавија фотографии и видео од текот на воената вежба.
Според грчките медиуми, меѓу панираните сценарија се и ослободување и повторно заземање на мал остров во источниот дел на Егејското море, што воедно е сценарио со голема оперативна тежина, како и излез на двајца командоси од подморница.
Паралелно ќе се извршат ноќни и денски скокови со падобрани, скокови од хеликоптер во морски дел, но и употреба на оружје и снајпери, неутрализацијата на експлозивните направи како и пружањето прва помош.
Припадниците на специјалните сили на Македонија учествуваа и во ланската воена вежба „ОРИОН 23“ што од 24 април до 5 мај се одржа во Грција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…