Споредбите меѓу Хитлер и Путин се неправедни: Русите што бегаат заслужуваат азил, вели Земан
Чешкиот претседател Милош Земан се спротивстави на одлуката на владата да не ги прими Русите кои бегаат од мобилизација во Чешка и денеска во интервју за телевизијата Прима предупреди дека луѓето што бегаат од Русија не се безбедносен ризик и оти треба да им се дадат хуманитарни визи.
– Мислам дека треба да им дадеме хуманитарни визи на тие луѓе, како и на украинските бегалци. Човек што бега од Русија не е безбедносен ризик. Оваа мобилизација опфаќа милион луѓе, па сосема е јасно дека е топовско месо со се што оди со тоа, рече чешкиот претседател.
Шефот на дипломатијата, Јан Липевски пред неколку дена изјави дека Чешка нема да дава хуманитарни визи за Русите кои бегаат од мобилизација бидејќи не ги исполнуваат условите, но премиерот Петр Фијала го коригира својот министер и рече дека Прага ќе ги третира потенцијалните руски дезертери како и сите други луѓе кои бараат азил во Чешка.
– Ако некој дојде, неговото барање ќе биде разгледано во рамките на стандардната процедура за добивање азил. Нема сигнали за прилив на Руси кои би сакале да ја избегнат владината мобилизација, рече чешкиот премиер.
Чешка, како прва членка на Европската унија, самоиницијативно го суспендираше издавањето визи за руските граѓани, ден по рускиот напад на Украина, на 25 февруари. Подоцна го прошири и на Белорусија, а единствен исклучок се хуманитарните визи, меѓу кои и оние за прогонетите противници на властите во тие две земји.
Земан во денешното интервју за ТВ Прима оцени и дека во Русија „е можна промена на режимот, без разлика дали тоа ќе го иницираат бизнисмени или армијата” и оти споредбите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Адолф Хитлер се неправедни.
– Армијата покажа толку голема неспособност што нема да биде иницијатор за никаква промена, можностите на бизнисите се ограничени со санкции, а не зборувам за одземање на јахти. Доколку дојде до политички промени тоа го гледам како притисок од деловните кругови, рече Земан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…
Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…