Според Бислимовски: Ако струјата не поckапела над 20 проценти не било дpaматично – еве колкава плата зема тој

t

Цената на струја ќе поскапи, но тоа нема да биде драстично, изјави синоќа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски во „Економски магазин“.

Драстично зголемување нема да има затоа што тоа не е решение на проблемот. Со драстично зголемување на цената нема да се подобри ситуацијата, ќе се влоши, бидејќи ќе се намали процентот на наплата и тоа не ни е целта. Целта е да го одржиме, колку што се може во вакви услови на енергетска криза во цела Европа, нашиот систем стабилен, потенцира Бислимоски.

Според Бислимоски, сѐ што е над 20 проценти во делот на електричната енергија е драстично зголемување.

РКЕ денес на главна седница ќе донесе конечна одлука за цената на електрична енергија, што ќе биде во важност од 1 јануари следната година.

На вчерашната подготвителна седница беа претставени вонредните механизми што РКЕ првпат ќе ги активира во кризна состојба.

Колку за информација претседателот на Регулаторна комисија во случајов Марко Бислимовски месечно зема основна нето плата од 97.114 денари или 1.579 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рекордна цена на златото

Златото на крајот на неделата достигна 2.417…

Цената на златото и понатаму расте, благ…

Во најголем пад денеска се европските и…

Нема простор за поскапување на парното, уверува…

Не се отвора никаков простор за зголемување…

Цената на златото руши рекорди

Рекордно висока цена има златото. Сега цената…

Паѓаат цените на нафтата на светските берзи

Во саботата наутро цените на нафтата на…