„Спремни сме за разговори, но и за борба“, вели иранскиот министер за надворешни работи
Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, денес изјави дека, доколку е потребно, Иран ќе биде подготвен и за преговори и за борба, нагласувајќи дека дипломатијата работи во целосна координација со државните и воените структури.
Зборувајќи на комеморативната церемонија во Техеран посветена на поранешните ирански министри за надворешни работи, Камал Харази и Хосеин Амир-Абдулахијан, Арагчи рече дека Министерството за надворешни работи не ја одвојува својата мисија од целите на земјата.
„Не сметаме дека нашата мисија е одвоена од мисијата на другите. Каде и да е потребно да се бориме, ќе се бориме; каде и да е потребно да се преговара, ќе преговараме“, рече Арагчи.
Тој додаде дека иранската дипломатија работи во согласност со целокупните државни интереси и во координација со сите владини институции.
„Доколку е потребно и доколку интересите на државата бараат да се подготвиме во областа на дипломатијата, разговорите и преговорите, ќе се подготвиме. Но, со сила, истата сила со која вооружените сили се подготвуваат да ја бранат земјата“, рече шефот на иранската дипломатија.
Арагчи, исто така, изјави дека одржува секојдневен контакт со воените команданти и дека сите тие работат кон истата цел.
„Може да се случи неколку пати на ден јас и командантите на вооружените сили да учествуваме на различни состаноци и сите да се стремиме кон истата цел“, рече Арагчи за време на говорот во Техеран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на американското…
Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на Военото…
Американски милијардер ја презема меѓународната империја на…
Конзорциум предводен од американскиот милијардер Тод Боли…
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
Маск го удвои ветувањето: Секое дете во…
Илон Маск, најбогатиот човек во светот, објави…
САД подготвуваат нови царини за најмалку 14…
САД се подготвуваат да објават нови царини…