Спречено криумчарење на накит на ГП “Богородица”

t

Вчера во вечерните часови, царинските инспектори од мобилните тимови од Одделението за оперативни работи на Царинската управа, во камион на влез во државата на граничниот премин Богородица, открија случај на криумчарење на златен и сребрен накит.

При спроведената детална контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски таблички, кое пренесувало стока од Турција, во празнина позади инструмент таблата во возачката кабина, се пронајдени непријавени кеси во кои имало 573 грама златен накит и 2408 грама сребрен накит.

Стокaта е привремено задржана и предметот е предаден на Одделението за истраги за понатамошна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не се обидувајте да поминете во овој…

Грчките земјоделци од северниот и северозападниот дел…

Грчката полиција не им дозволи на земјоделците…

Грчката полиција не им дозволи на земјоделците…

(Видео) Вработена во „Картие“ во Њу Јорк…

Вработена во продавницата за луксузен накит „Картие“…

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 11 лица…

Околу 19 часот на регионалниот пат Стојаково-Богданци,…

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу…

На патните правци надвор од градските средини…