Спутник: Покрај ИМЕТО, еве од што треба да се откаже МПЦ за да добие автокефалност
Долгоочекуваната заедничка литургија на свештенството на МПЦ-ОА и вселенскиот патријарх Вартоломеј во Истанбул не заврши со најавеното примање томос од Цариградската патријаршија за автокефалноста на оваа црква, пренесува Спутник Србија.
Како што дознава Танјуг од Белградската патријаршија, во преговорите меѓу патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан не е постигнат договор за автокефалност на Охридската архиепископија, со што би се исклучила јурисдикцијата на МПЦ во дијаспората.
По вчерашната заедничка литургија за МПЦ-ОА остануваат отворени многу прашања, прво кога и дали Вселенската патријаршија ќе издаде томос за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и како ќе се однесува кон дијаспората, односно дали Вселенската патријаршија во замена за давање томос бара црквите во дијаспората на МПЦ-ОА да завршат под јурисдикција на Вселенската патријаршија, а не на МПЦ!
Останува под знак прашалник дали црквата во Скопје ќе може да го задржи името „македонска“ или ќе мора да прифати да се преименува само во Охридска архиепископија, без да биде “македонска“.
Сепак, најголемиот проблем останува името на црквата во Македонија, бидејќи името „македонско“, велат тие, најмногу им пречи на вселенскиот патријарх Вартоломеј и на Грчката православна црква.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голема повелба на хуманизмот за Архиепископот г.г.…
Хуманизмот е помагање на другиот и на…
МПЦ: Украден е бакарен лим од кров…
МВР информира дека вчера попладне во 17:25…
Православната црква на Америка ја призна автокефалноста…
Во катедралниот храм на Православната Црква во…
Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат…
Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него:…
МПЦ апелира за достоинствено и христијанско однесување…
Поворката со посмртните останки на загинатите од…