Објавено на:

Србите повторно ги напуштаат позициите во косовската полиција

t

Седум припадници на српската заедница ја напуштиле косовската полиција, пренесуват косовските медиуми.

Четворица Срби ја напуштиле косовската полиција во Лепосавиќ, двајца во Звечан и еден во Митровица.

Претходно, американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер како и шефот на ЕУЛЕКС Џовани Пјетро Барбано, објавија дека се „загрижени поради заминувањето на тројцата новопримени српски полицајци и дека внимателно ги следат настаните“.

„Еулекс внимателно ги следи овие загрижувачки случувања. Составот на полициските сили треба да го одразува и претставува општеството на кое му служи и го штити“, напиша тој на социјалната мрежа Х.

Загриженост изрази и американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, кој изјави дека косовската полиција е таму за да им служи на сите заедници во Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…

Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга

Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…