Србија рутински со Порторико, Дончиќ брилираше со дабл-дабл за Словенија
Србија и Словенија немаа проблеми да ги запишат и вторите победи на светското првенство во кошарка и тоа со убедливи, двоцифрени разлики.
Србите Триумфираа над Порторико со 94-77, откако уште во првото полувреме ја демонстрираа разликата во квалитет, добивајќи го со 57-27. Богдан Богдановиќ со 17 поени предводеше група од четири српски кошаркари со двоцифрени кошеви, меѓу нив Никола Јовиќ со 16, Алекса Аврамовиќ со 15 и Никола Милутинов со 12 поена и 15 скока. Србија има максимални четири бода, но в среда ќе игра со Јужен Судан, кој има една победа и теоретски е во конкуренција за втората фаза.
Словенија, пак, ја прегази Грузија со 88-67, носена од уште една фантастична партија на Лука Дончиќ. НБА-ѕвездата овој пат запиша дабл-дабл од 34 поени и 10 скока, на кои додаде и шест асистенции, држејќи го нивото од првото коло, кога ѝ даде 37 коша на Венецуела. Препелиќ имаше 15 поени, а Мамукелашвили беше најефикасен кај Грузија со 21. 21. И Словенија, како и Србија има четири бода, во својата група Ф, но за официјален пласман во втората фаза ќе ѝ треба победа и над Зеленотртската Република, в среда.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…
Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…
ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…
Бебе на возраст од 11 месеци е…
Приведен романскиот возач на камионот по трагедијата…
Романскиот државјанин кој управувал со камионот што…
Во Собранието надзорна расправа за „АЛТА банка“
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…