Средба Ковачевски – Таравари: Владина поддршка за општините за подобар и подостоинствен живот за сите наши граѓани

t

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Гостивар оствари кратка средба со градоначалникот на Општината Арбен Таравари. Премиерот и градоначалникот говореа за предизвиците со кои се соочува Општина Гостивар и за важноста на поддршката која што Владата ја дава за стабилизирање на општините за успешно да ги извршуваат законските надлежности и да обезбедат квалитетни услуги за граѓаните.

Владата гради објективен, правичен, транспарентен и одржлив систем за финансиско воедначување на општините. Целта на Владата е на граѓаните да им се обезбедат квалитетни услуги и пристап до истите без разлика каде живеат. Ковачевски и Таравари на состанокот уште еднаш ги потврдија заложбите за окрупнување и здружување на сите прогресивни политички партии кои што се за пристапување на Македонија во ЕУ. Ковачевски истакна дека за Владата е најважно да обезбеди просперитетна иднина за сите граѓани, бидејќи тие заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Естонија на 1 декември ќе ја затвори…

По синоќешниот обид за саботажа во естонската…

ОН: До 2100 година Македонија може да…

Алармантни податоци за демографската слика во Македонија.Доколку…

Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…

(Детали) Ја нокаутирал, па ја влечел со…

Мајката на момчето кое што е осомничено…

Поранешен косовски министер уапсен во акција против…

Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…