Среден век: Пожар го стопира возот Прилеп-Битола
Регионалниот ЦУК Битола извести дека при пожарот во атарот с.Беранци, во Општина Могила, каде што гореле нискостеблеста вегетација и стрништа, пругата била оштетена на повеќе места.
Информацијата е добиена од ТППЕ-Битола и веднаш дежурните од ЦУК ги информирале СВР-Битола и надлежните од „Железници на Република Македонија транспорт АД – Скопје“.
По брзата проверка на железничката пруга, од вчера попладне од 17:42 часот железничкиот сообраќај е во прекин на делницата помеѓу Битола и Прилеп, а патничкиот воз 643 е на станицата во Прилеп и не сообраќа.
ЦУК примил известување од „ЖРС Македонија транспорт АД – Скопје“ дека другиот железнички (патнички и товарен) сообраќај се одвива нормално.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Навивачите бесни по најавата за цените за…
Здружението на фудбалски навивачи јавно изрази негодување…
Малолетник и уште четири лица повредени во…
Прилепчанец е тешко повреден, а уште неколку…
Од утре изменет сообраќаен режим на патот…
На државен пат Р1101 делница Прилеп –…
Уапсен осомничен саботер за теpopистичкиот напад на…
Саботерот имал двојно руско-италијанско државјанство, бил регрутиран…
Владата одобри да се градат 29 километри…
Владата денеска го одобри Урбанистички проект за…