Српскиот режисер Горан Марковиќ е шокиран од навредите на Шешељ за неговата покојна мајка, славната актерка Оливера Марковиќ

t

„Не можам да верувам дека сега ја нападнаа мајка ми. Но, под моја чест е да влегувам во каков било дијалог со тој криминалец и идиот и да коментирам за што било“ – жестоко одговори познатиот српски филмски режисер Горан Марковиќ, откако лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, упати серија навреди и обвинувања за неговата покојна мајка Оливера Марковиќ, една од најголеми актерки што Србија ги имала, пишуваат српските медиуми.

Шешељ во телевизиско гостување рече дека филмскиот режисер Горан Марковиќ е „блокадер“, а скандалозни беа навредите кои ги упати кон познатата актерка околу нејзиниот живот за време на Втората светска војна (кога Оливера Марковиќ имала од 16 до 20 години).

Шешељ рече дека Оливера Марковиќ (1925-2011) била „љубовница на офицери на Гестапо“ и дека театарскиот режисер Бојан Ступица „ги ослободил од кривична одговорност некои српски актерки, кои се фалеле со офицери на Гестапо, офицери на Вермахтот, офицери на СС“.

„А синот на една од тие познати актерки, швалерка на офицери на Гестапо, нејзиниот син, роден по војната, денес е еден од главните блокадери. Оливера Марковиќ беше позната актерка. Не се сомневам во нејзините актерски квалитети, но се сомневам во нејзиниот морал“, рече Шешељ во изјавата која предизвика лавина од негативни реакции.

Оливера Марковиќ (1925-2011) беше долгогодишна првенка на Народниот театар во Белград и една од најпрепознатливите српски актерки во периодот на СФРЈ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен: Русија се обидува да…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Се бара укинување на ветото во ЕУ,…

11 земји членки на Европската Унија побарале…

Кипар со најголем пад на туризмот во…

Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…

Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…

Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…