Српските студенти собрале безмалку 400.000 потписи на барањето за вонредни избори

t

Студентите завчера ја организираа акцијата „Потпиши победа“, со која собираа потписи од граѓаните како поддршка на барањето за вонредни избори, пренесува „Н1“. Студентите во блокада објавија и колку потписи се собрани за еден ден. Тие порачаа „дека тие се тие што ја распишуваат победата“.

„400.000 потписи за еден ден. Прва теренска акција низ цела Србија. Потпишувале војници, полицајци, уценети чувари на ќациленд. Не се надевавме на толкав одзив од највозрасните. Пензионери, извинете“, објавија студенти од ЕТФ во блокада на „Х“, кои потоа на шега, напишаа:

„Добро, 393.045, ама сега дијаспората ќе го истурка тоа до 400.000“.

Студентите ја организираа акцијата „Потпиши победа“, која долго време беше најавувана. Тие имаа околу 400 штандови во околу 100 места, а акцијата траеше главно по неколку часа, а на некои места и цел ден.

Достапен е и онлајн формулар за гласање на граѓаните на Србија во дијаспората. Поради големиот одзив на граѓаните, овој формулар ќе биде достапен и утре, наместо само денес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ципрас ја промовираше партијата ЕЛАС: „Нова политичка…

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска официјално…

Трамп: Да ги броеше Исус гласовите, ќе…

Американскиот претседник Доналд Трамп денеска даде изјава…

Израел на работ на предвремени избори

Израел се приближува кон предвремени избори откако…

Вучиќ: Не се знае кој ќе биде…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се запраша…

Студентите бараат достоинство, а не привилегии, вели…

Амбасадорот на Албанија во Македонија, Денион Мејдани,…