Станбена криза во Холандија зема замав: Паркинг простор во Амстердам достигна 495.000 евра

Паркинг простор во близина на Вонделпарк, најголемата зелена површина во Амстердам, се продава за речиси половина милион евра, што е шокантна цена дури и за Холандија, каде што цените енормно се зголемија поради тешката станбена криза.
Местото ставено на оглас за 495.000 евра е со површина од 18 квадратни метри и, според агенцијата за недвижности „J. Heule“, се наоѓа во затворен комплекс и „на најпознатата и ексклузивна шопинг улица во Холандија“. Исто така може да се изнајми за 750 евра месечно.
Огласот ја шокираше Холандија, која е погодена од тешка станбена криза. Бараната цена на паркингот е повисока од просечната цена на стан во Холандија, која според извештајот објавен на крајот на 2023 година изнесува 430.000 евра.
Покрај скокот на цените, холандски РТЛ истакнува дека во Холандија се затворени многу паркинзи во центрите на градовите за да бидат помалку атрактивни за автомобилите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Холанѓаните се жалат: Маваа со сешто, голот…
Холандија во меч со тензична атмосфера успеа да…
РФМ ќе поднесе жалба за ужасното судење…
Можеби првпат откако сегашното раководство е на…
Македонија изгуби од Холандија
Ракометната репрезентација на Македонија забележа прв пораз на Светското…
Македонија губи од Холандија на полувреме
Македонската ракометна репрезентација најде решение да се…
Пешевски: Подготвени сме за мечот со Холандија
Македонскиот ракометен репрезентативец Жарко Пешевски изјави дека…