Станува збор за убиство во самоодбрана: Ја удирал со клоци и тупаници пред да го убие, ова се деталите од истрагата

t

Хелсиншкиот комитет за човекови права реагира на одлуката на Јавното обвинителство да покрене обвинение пред надлежен суд против Пале Илоска од Велес, долгогодишна жртва на семејно насилство.

„Сметаме дека во конкретниов случај станува збор за акт на самоодбрана, односно, за институтот нужна одбрана, а не за сторено кривично дело ‘убиство на миг’. Имено, според достапните информации и изјавите на сведоците кои беа пренесени во медиумите, Илоска неколку години била во врска со велешкиот полицаец, кој претходно бил осудуван за изнуда и други кривични дела. Во текот на нивната врска, таа често била малтретирана и тепана. Имајќи предвид дека убиството се случило во момент додека починатиот вршел физичко насилство и директно го загрозил животот на жртвата, се јавуваат индиции дека станува збор за нужна одбрана“, се наведува во реакцијата на Хелсиншкиот комитет.

Впрочем, овие индиции, додаваат од Хелсиншкиот комитет, се потврдени и во соопштението од Јавното обвинителство:

„Откако се вратиле дома од гости, А.Р. во видно алкохолизирана состојба започнал вербална расправија со обвинетата, нарекувајќи ја со најпогрдни зборови. Таа влегла во спалната соба и легнала да спие, но тој дошол до неа, ја фатил за пижамата и со неа ја влечел до кујната, удирајќи ја со тупаници по главата, увото и левото рамо, како и со клоци по левата натколеница. Потоа силно ја фатил со раце во пределот на вратот да ја дави. Обвинетата давала отпор и го молела да ја пушти, а во еден момент од масата зела нож и му нанела убодна рана во пределот на срцето. Како последица на убодот, дошло до пореметување и престанок на функционирањето на срцето и смрт кај сега починатиот.“

Токму поради ова, Хелсиншкиот комитет бара судот да постапува со должно внимание во овој предмет и да ги разгледа сите решителни факти. Особено, треба да ги има предвид историјата на насилството врз жртвата, интензитетот на нападите и на повредите кои претходеле на настанот, раздразнетоста и уплавот кај жртвата во моментот на случување и истовремениот противправен напад – ударите по телото на жртвата, давењето и сериозноста на заканата по нејзиниот живот.

„Судот ќе треба да утврди под кои околности се случило убиството, но сметаме дека нужната одбрана не треба да се гледа само во времето кога се случил настанот, туку треба да се земе предвид дека Илоска била долгогодишна жртва на психичко и физичко насилство, со што кај неа се развил интензивен страв за нејзиниот живот. Понатамошното постапување на правосудните органи во овој случај несомнено ќе го одрази и нивото на општествена свест, а ќе придонесе и за охрабрување на жртвите за пријавување на насилство врз жените и семејно насилство“, се додава во реакцијата на Хелсиншки.

Основното јавно обвинителство Велес, денеска соопшти дека по спроведена постапка, поднело обвинителен предлог против 23-годишна велешанка за кривично дело – Убиство на миг од член 125 од Кривичниот законик.

„Обвинетата, на 29.09.2021 година, во семејната куќа во која живеела, доведена без своја вина во состојба на силна раздразнетост како последица на семејно насилство, го лишила од живот на миг сега починатиот А.Р. со кого живеела во вонбрачна заедница“, се наведува во соопштението од ОЈО.

Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на обвинетата, заедно со Обвинителниот предлог е доставен и предлог за продолжување на мерката куќен притвор определена за обезбедување на присуството на обвинетата во текот на кривичната постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина првиот тапанар на познатата група AC/DC

Почина Колин Бурџис, првиот тапанар на рок…

ГЕРМАНИЈА ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДИ: Европа мора да се…

Со тоа што европскиот безбедносен сојузник Соединетите…

Нетанјаху под жесток бран од критики по…

Убиството на тројца израелски заложници во Газа…

Русија ќе биде повикана на одговорност за…

Американскиот Стејт департмент синоќа излезе со соопштение…

УТРЕ Е ПРАЗНИК НА ГОЛЕМАТА ЗАШТИТНИЧКА НА…

Утре православните христијани ја празнуваат света Варвара,…