Објавено на:

Стејт департментот изрази загриженост за можноста Русија да ѝ испорача оружје на Северна Кореја

t

Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека можноста Русија да и испорача оружје на Северна Кореја е „исклучително загрижувачка“, пренесува МИА.

„Тоа, се разбира, би го дестабилизирало Корејскиот полуостров и потенцијално… ги прекршува резолуциите на Советот за безбедност на ОН што самата Русија ги поддржа“, изјави за новинарите портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно денеска изјави дека Москва не ја исклучува можноста да доставува оружје за други земји како одговор на испораката на оружје за Украина, пренесе РИА Новости. На прес-конференција во Виетнам, Путин исто така рече дека Русија го задржува правото да испорачува оружје на Северна Кореја.

Русија не ја исклучува испораката на оружје за други земји, како одговор на испораките за Украина, рече Путин, додавајќи „Западот нека размисли каде ќе заврши ова оружје“.

Рускиот лидер рече и дека Москва размислува за можни промени во својата нуклеарна доктрина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руската разузнавачка служба тврди дека Брисел сака…

Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) објави…

Бугарија спаси две руски банки од санкциите…

Бугарија побара од Европската Унија да ги…

Русија тврди дека погодила товарен брод со…

Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите…

Русија го повтори барањето НАТО да се…

Русија повторно бара НАТО да ги повлече…

Трамп ќе се сретне со Путин и…

Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…