Стејт Департментот потврди за мигрантите: Разговараме со земјите од Балканот во рамките на поширока стратегија

t

Земјите од Балканскиот регион се влкучени во разговори во рамките на поширока американска стратегија за депортација на странски државјани без регулиран статус, потврдија за „Радио Слободна Европа“ од Стејт Департментот. Американското министерство за надворешни работи не сакало да ги коментира наводите на „Блумберг“ дека администрацијата на Доналд Трамп се обидува да ги убеди балканските земји да прифатат депортирани мигранти, најголемиот дел од Куба, Хаити и Венецуела на кои им е укинат привремениот престој во САД.

САД не коментира детали од дипломатската комуникација со другите држави во рамките на стратегијата за депортација на странски државјани без регулиран статус.

Се наведува дека континуиранатаа соработка со странски влади е клучна за спречување илегални и масовни миграции и за безбедност на границите. Агенцијата Блумберг пренесе дека администрацијата на Трамп ги притиска Србија и другите балкански земји да примат депортирани мигранти од САД.

Барањата упатени кон земјите во регионот се во тк и се дел од поширока стратегија да се најдат странски влади подготвени да прифатат мигранти пратени од САД, вклучувајќи и некои што прво влегле во САД во времето на Џо Бајден, пренесе агенцијата.

Американскиот Врховен суд му дозволи на Трамп да го укине легалниот статус за повеќе илјади венецуелски, кубански, мигранти како и мигранти од Хаити и Никарагва, кои живеат во САД и да ги депортира.

Блумберг додаде дека администрацијата на Трамп барала можни дестинации за мигрантите кои би можеле да бидат депортирани врз основа на таа одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МОН го повлекува предметот Сексуално образование од…

Изборен предмет Сеопфатно сексуално образование во средно…

(Видео) Маж снимен како фрла ѓубре во…

Дебарското  спортско риболовно друштво „Трофта“ (Пастрмка) на…

И денеска има прекини во британскиот воздушен…

И денеска продолжија прекините во британскиот воздушен…

(Видео) Силно невреме во Хрватска и Словенија,…

Силно невреме денеска го зафати северниот дел…

Стружанец лажел дека го грабнале бандити со…

32-годишен стружанец ќе одговара за лажно пријавување…