Стоковните резерви нема да се полнат со увозна пченица
Годинешната жетва на пченица донесе значителен пораст и позитивни резултати за домашното земјоделство, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски кој ги презентираше бројките и најави конкретни мерки со кои државата го насочува фокусот кон зголемување на домашното производство и обезбедување на стоковните резерви со македонски производи.
– Жетвата на пченицата оваа година е извршена на зголемени површини во споредба со минатата година. Согласно податоците со кои располага Министерството, пченица е засеана на околу 70.000 хектари, а од жетвата се собрани над 280.000 тони, количина која речиси целосно ги покрива домашните потреби – истакна Трипуновски во интервју за „Њусмакс Балканс“.
Министерот потенцираше дека институцијата активно работи на трансформација на земјоделскиот систем, со јасна цел – намалување на увозната зависност.
-Работиме на зголемување на производството, со цел Македонија конечно да не биде означувана како увозно зависна држава. Трендот на раст на производството е сериозен показател – појасни тој.
Како еден од клучните потези, Трипуновски најави дека по долг период, државата повторно ќе ги полни резервите со домашно производство.
-Не може да дозволиме стоковните резерви да ги полниме со пченица која доаѓа надвор од нашите граници, туку стоковните резерви ќе ги полниме со наша домашна пченица. Беше објавен и првиот повик за набавка на 9.000 тони од реколтата 2025 година, директно од производителите – истакна министерот Трипуновски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стоковните резерви нема да се полнат со…
Годинешната жетва на пченица донесе значителен пораст…
Сијарто: Очекувам „провоено цунами“, но Унгарија нема…
Унгарија нема да поддржи воена операција на…
Кривична за двајца скопјани кај кои е…
Кривична за две лица кај кои што…
Путин: Русија и Кина се обединети против…
Русија и Кина заеднички се спротивставуваат на…
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ го рехабилитира ДУИ, го пуштија…
Во интервју за телевизија Сител, претседателот на…