Објавено на:

Столтенберг го покани Зеленски на самитот на НАТО

t

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска објави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е поканет да учествува на самитот на лидерите на Алијансата на крајот на месецов во Мадрид.

„Зеленски, се разбира, е добредојден да дојде лично. Ако тоа не е можно за него, тој ќе ни се обрати преку видео-конференција”, рече Столтенберг на прес-конференцијата во Брисел.

Тој нагласи дека „лидерите на НАТО се исклучително посветени да ја поддржат Украина и да ја покажат таа солидарност не само со зборови, туку и со дела”.

Зеленски веќе им се обрати на 30-те шефови на држави и влади на НАТО преку видео-врска на нивниот последен самит во март во Брисел по руската инвазија на Украина.

Столтенберг, исто така, најави дека очекува лидерите на НАТО на состанокот во Мадрид да одлучат за понатамошна поддршка за Украина за да и помогне на нејзината воена транзиција од опрема од советската ера на модерно оружје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Зеленски ќе се сретне со Трамп за…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…

Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…

Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…

Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…