Објавено на:

Столтенберг доби награда за одбрана на демократските вредности и порача: Украинскиот народ страда

t

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави денеска во Осло, каде што му беше врачена годишната награда „Сонстеби“, дека Алијансата мора да спречи војната на Русија против Украина да прерасне во голема војна во Европа.

Прифаќајќи ја наградата, која им се доделува на „храбрите бранители на основните демократски вредности“, Столтенберг рече дека украинскиот народ е „подложен на огромни страдања“ и дека мирот во Европа е „повторно загрозен“, соопшти НАТО.

– Мораме да спречиме војната да се прошири во голема војна на нашиот континент. Затоа НАТО распореди дополнителни сили, ја зголеми подготвеноста и троши повеќе пари за одбрана од порано. Не за да предизвика конфликт, туку за да спречи војна и да обезбеди мир, рече Столтенберг при примањето на наградата, именувана по најодликуваниот воен херој на Норвешка, Гунар Сонстеби.

Столтенберг изјави дека наградата претставува „пред се признание на НАТО, илјадници жени и мажи во униформа кои се секогаш на должност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Столтенберг: Досега не видовме вистинска волја од…

Досега не видовме вистинска волја од страна…

Столтенберг и Мили согласни: Мора да се…

Двајцата топ западни официјални лица рекоа дека…

Столтенберг ги повика сите страни во Косово…

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги…

Столтенберг: НАТО масовно ќе го зголеми бројот…

НАТО масовно ќе го зголеми бројот на…

Столтенберг: Работиме со Турција за да ги…

-Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази…