СТОЛТЕНБЕРГ ЗАГРИЖЕН: Потрошувачката е многу голема, не произведуваме доволно муниција!

t

Не можеме да дозволиме Путин да победи во Украина, тоа ќе биде трагедија за Украинците, но ќе биде опасно за нас, вели првиот човек на НАТО.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг призна дека постојното западно снабдување со муниција „не е одржливо“ на сегашното ниво бидејќи „потрошувачката е многу поголема“.

Во денешното интервју за Скај Њуз, Столтенберг рече дека верува дека конфликтот сега станува „борба за логистика“, така што сојузниците на Украина мора да го зголемат производството.

– Единствениот начин да ја одржиме нашата поддршка за Украина е да го направиме она што сакаме да го направиме сега, а тоа е да се вклучиме во одбранбената индустрија за да се осигураме дека сојузниците потпишуваат долгорочни договори – додаде тој.

Тој повтори дека НАТО ќе стои покрај Украина „сè додека е потребно“.

– Не можеме да дозволиме Путин да победи во Украина, тоа ќе биде трагедија за Украинците, но ќе биде опасно за нас – продолжи тој.

Столтенберг се осврна и на прашањето дали на Украина ќе и биде дозволено да се приклучи на одбранбениот воен сојуз.

– Позицијата на НАТО е непроменета. Украина ќе стане членка на НАТО, но сега главниот фокус е да се осигура дека Украина може да преовладува како суверена, независна нација во Европа – заклучи генералниот секретар на НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бомба фрлена врз куќата на директор на…

Рано утринава експлозивна направа била фрлена врз…

Протестен марш против фемицидите и насилството врз…

Протестниот марш против фемицидите и насилството врз…

Вукелиќ тврди дека уредникот на Информер бил…

Заменик-главниот уредник на „Информер“, Дејан Вукелиќ, се…

Српски државјанин осомничен за криумчарење цигари на…

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против…

Уапсен главниот уредник на ТВ „Информер“, Драган…

Во Белград денеска е уапсен главниот и…