Објавено на:

Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украинa

t

НАТО работи на можноста за испраќање повеќе системи за противвоздушна одбрана во Украина, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, цитиран од британските медиуми.

„Собравме податоци за различните системи за противвоздушна одбрана што ги имаме во НАТО и се фокусиравме на системите „Патриот“, изјави Столтенберг од италијанскиот остров Капри“, каде што учествуваше на средбата на шефовите на дипломатиите на земјите од Г-7.

„Охрабрен сум од посветеноста и одлучноста на сојузниците од НАТО да ја поддржат Украина“, додаде генералниот секретар на северноатлантскиот договор.

Според него, постојат охрабрувачки знаци дека американскиот Конгрес може наскоро да го деблокира пакетот помош за Украина, вреден 60,84 милијарди долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…

НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

Кличко: Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…