Столтенберг: Путин направи неколку големи грешки кога ја нападна Украина

t

„Претседателот Путин направи неколку големи грешки кога ја нападна Украина, стратешки грешки“, изјави Столтенберг пред новинарите собрани пред домот на британскиот премиер во Даунинг стрит.

Столтенберг тврди дека првата грешка била потценувањето на храброста на Украинците и нивната посветеност да се борат и да ја заштитат својата земја. Тој го наведе потценувањето на способноста на членките на НАТО да ѝ дадат силна поддршка на Украина како втора грешка на Путин. Тој нагласи дека поддршката за Украина ќе продолжи, без разлика што има и такви кои не се согласуваат со продолжување на помагањето на Украина.

„Она што го видовме е дека сојузниците и партнерите на НАТО ѝ дадоа поддршка без преседан на Украина. А она што го гледаме кога ќе ги погледнете анкетите, политичките пораки од различни земји-сојузници на НАТО, е дека сме подготвени да продолжиме да даваме поддршка сѐ додека неопходно“, заклучи Столтенберг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маѓар: Неприфатливо е никој да не биде…

Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, денес изјави…

САД и Кина се договорија да ги…

САД и Кина се договорија да ги…

Денес се празнува Крстовден – Воздвижение на…

На овој ден се празнуваат два настани…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе…

Молдавија од денес влезе во 60-дневна вонредна…

Молдавија од денес, 26 септември, официјално влегува…