Столтенберг се пожали: Руските ракети и беспилотни летала продолжуваат да паѓаат врз украинските градови
„Одлуката на Германија значително да ги зголеми трошоците за одбрана со инвестиции во нови борбени авиони, хеликоптери, бродови и подморници е историска“, рече Столтенберг.
„Ова е навистина пресвртница што ја одразува нашата променета безбедносна средина“, додаде тој, мислејќи на руската агресија против Украина. „Потребен ни е силен и подготвен Бундесвер“, заклучи генералниот секретар на НАТО, нагласувајќи ја важноста на одбранбената индустрија во Германија.
Тој посочи дека тоа е важно за безбедноста на Германија и Европа и за глобалната безбедност. Столтенберг повика и на продолжување и зајакнување на поддршката за Украина.
„Не треба да ја потценуваме Русија. Руските ракети и беспилотни летала продолжуваат да паѓаат врз украинските градови, цивилите и клучната инфраструктура, предизвикувајќи огромни човечки страдања како што се приближува зимата“, рече тој.
Столтенберг ја поздрави финансиската, хуманитарната и воената помош на Германија за Украина, нагласувајќи дека таа прави разлика на бојното поле. „Не може да има траен мир ако победи агресорот, ако угнетувањето и автократијата надвладеат над слободата и демократијата. Затоа, најдобриот начин да се поддржи траен мир е да се поддржи Украина“, рече тој.
„Опасната зависност од рускиот гас мора да се земе предвид и во политиката кон Кина, посочи Столтенберг. „Ние, се разбира, ќе продолжиме да тргуваме и економски да соработуваме со Кина, но мора да бидеме свесни за нашата зависност, да ја намалиме нашата ранливост и да управуваме со ризиците“, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…