„Стоп за Вардариште“ до институциите испрати барања со рок од пет дена, во спротивно ќе се прошират протестите и блокадите
„Веќе нема изговори“, велат од граѓанската иницијатива Стоп за Вардариште, од каде информираат дека доставиле конкретни барања до повеќе институции за конечно затворање на поглавјето Вардариште.
Меѓу итните барања е воспоставување 24-часовен јавно достапен видео-надзор и физичко обезбедување на депонијата Вардариште, која повеќе од две децении е официјално затворена, но сепак отворена за влез на отпад и палење разно ѓубре, гуми и метали.
Понатаму, иницијативата бара и итно иселување и соодветно згрижување на лицата кои живеат бесправно на територијата на Вардариште, но и поставување на ограда околу негогашната депонија.
„Започнување на процес за конечно затворање на Вардариште. Откривање и казнување на потпалувачите и организаторите на пожарите. Ригорозни мерки против граѓани и правни субјекти кои ќе продолжат да фрлаат отпад во Вардариште“, се барањата на иницијативата.
Од Стоп за Вардариште ги посочија и нивните следни чекори. Односно, доколку не започне исполнувањето на нивните итни барања во рок од 5 дена, заклучно со четврток 25 септември 2025, како што велат, ќе бидат принудени да го рашират опфатот и да го засилат интензитетот на протестите и блокадите на многу повисоко ниво.
„Граѓаните според Уставот имаат право на чист воздух и здрава животна средина. Бараме веднаш да започне процес на исполнување на овие барања од надлежните институции, и тоа јавно, транспарентно и со јасни рокови за нивното исполнување“, соопшти иницијативата.
Нивните јавни барања се доставени до претседателката на Македонија, Владата, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за внатрешни работи, Министерство за социјални политики, демографија и млади, Град Скопје, Општина Гази Баба и Општина Аеродром.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Отворањето на градилиште за луксузното одморалиште…
Компанија поврзана со Иванка Трамп и со…
Студентите бараат достоинство, а не привилегии, вели…
Амбасадорот на Албанија во Македонија, Денион Мејдани,…
Демократски сојуз: ДУИ сака да ја дестабилизира…
Демократскиот сојуз на Павле Трајанов ја обвини…
Вреди: ДУИ ги злоупотребува студентите за да…
Вреди обвини дека дел од студентските протести…
Бита Хемати може да биде првата жена…
Во светот на високата политика, имињата на…