„Стоп за Усје“: Мерната станица во дворот на Усје може да мери 24/7, а институциите велат дека „нема таков систем“
Зошто податоците за загадување се кријат и кој е надлежен за мерната станица поставена во „Цементарница УСЈЕ“, прашуваат од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, од каде објавија соопштение во кое општината Кисела Вода се прогласува за ненадлежна за податоците од мерната станица во дворот на „Цемнтарница Усје“ да се следат во реално време преку апликацијата „Air Care“.
„Од Општина Кисела вода побаравме мерната станица во Усје да да мери 24\7 во јавно и реално време, со диреткна ингеренција во апликацијата квалитет на воздух (Air Care). Од таму одговорија дека дека податоците секојдневно се објавуваат на страната на општина Кисела Вода, а воедно мерните станици нема да можат да се интегрираат во апликацијата Air Care, Air Qualityна Министерството за животна средина и просторно планирање, бидејќи истите не располагаат со систем кој што поддржува 24\7 часовна постапност на истата“, пишуваат од „Стоп за Усје“.
Мерната станица е поставена уште во 2024, кога градоначалник на општина Кисела Вода беше Орце Ѓорѓиевски кој своевремено изјави дека „сега институциите се на потег“.
„Сега сме 2026. Кој е денес Град Скопје, кој е сега на потег“, прашуваат од граѓанската иницијатива.
„Мерната станица во дворот на Усје може да мери 24/7 и јавно. Институциите велат дека „нема систем“, но тоа не е точно! Зошто институциите застануваат на страната на тие што загадуваат?!
Уредот Aeroqual AQS-1 поддржува онлајн пренос и API. Мери PM10, PM2.5, но и SO₂ и NOx, а ние го гледаме само она што тие ќе одлучат да го објават.
Наместо во реално време, гледаме рачно изготвени PDF извештаи. Наместо транспарентност, ни сервираат лага!“, додаваат од „Стоп за Усје“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Здравјето на скопјани чини 21 милиони…
Олигархијата е солидарна кога станува збор за…
(ВИДЕО) Добредојде за сите, освен за Инфомакс:…
ПР тимот на Титан Усје им посака…
(Видео) „Стоп за Усје“ највува граѓанска блокада…
Пред утрешната блокада најавена од граѓанската иницијатива…
Од Влада велат дека Усје не загадува
На денешната заедничка прес - конфернција во…
Ѓорѓиевски: Не само „Усје“, има и други…
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, даде целосна…