Објавено на:

Сторми Даниелс апелира Меланија да го напушти Трамп

t

Актерката од филмовите за возрасни Сторми Даниелс денеска апелираше до Меланија Трамп да го напушти сопругот Доналд Трамп, поранешен претседател на САД, бидејќи тој сега е „осуден престапник“.

Даниелс, со која Трамп наводно ја изневерувал сопругата, сега ја повикал поранешната прва дама да го остави.

„Не знам каков договор имаат или немаат, но Меланија треба да го напушти. Не поради тоа што ми го направи мене или на другите жени, туку затоа што е осуден престапник. Се докажало дека бил насилен, бил прогласен за одговорен за сексуален напад и даночна измама. Сега тој е криминалец“, изјави Даниелс.

Трамп стана првиот поранешен претседател на САД кој беше осуден за кривично дело, откако минатата недела едногласно беше прогласен за виновен за 34 точки од обвинението за фалсификување деловни документи за да ги прикрие исплатите на Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година.

Трамп останува на својата невиност и ќе поднесе жалба на пресудата.

Судијата Хуан Меркан го закажа рочиштето за изрекување на пресудата за 11 јули, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски и додели орден на Меланија Трамп…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на првата дама…

Трамп со порака до Иран: Време е…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…

Трамп ја откажа посетата на американските претставници…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…

(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…

Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…

Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…