Стотици животи на болните од рак зависат од ова: Македонија има акцелератор, но не го користи

t

Акцелераторот за зрачење на болните од рак во Градската општа болница 8-ми Септември не работи. Иако лично премиерот Димитар Ковачевски и цела делегација на министри на Денот на независноста, го презентираа и најавија дека до крајот на минатата година ќе проработи, апаратот не им е достапен на пациентите.

“Со овој апарат значително треба да се растовари притисокот на онколошкото одделение на Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’, бидејќи дури една третина од тамошните пациенти, здравствената нега и услуга ќе продолжат да ја добиваат во болницата 8. Септември на високо квалитетен акцелератор од понова генерација, каков што нема во регионот’, изјави тогаш премиерот Ковачевски.

Пациентите со карцином и понатаму за зрачење одат единствено на Клиниката за онкологија и радиотерапија, каде се работи во смени со цел да им се потребната нега на болните, па се создаваат и листи на чекање.

И преку системот Мој термин, Градската болница не е достапна за закажување термин за зрачна терапија. Во моментов, како опција на пациентите достапна им е само Клиника. Ниту во понудата за апарати не стои дека во оваа установа има акцелератор.

Апаратот во вредност од 116 милиони денари треба да обезбеди зрачна терапија за 35 пациенти дневно.

Директорот на 8-ми Септември, Христијан Костов не одговори на нашиот повик за да ни објасни зошто акцелераторот во болницата се уште не е во функција и кога ќе проработи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца возачи се повредени – излетале од…

Двајца жители на Макеоднија завршија во различни…

(Видео) Јакимовски: Мој услов за да дадам…

Доколку Јакимовски биде шеф на државата нема…

ФИНКИ нема зграда, учиме пред Влада –…

Студентите и професорите на ФИНКИ пред Владата…

Бугарија ќе добие нова Влада: Марија Габриел…

Бугарија ќе добие нова Влада. Идната бугарска…

Автопатот Кичево-Охрид ќе ја чека новата Влада…

Новиот договор за доизградба на автопатот Кичево…