Стојанче имал кокаин и лекови за смирување во крвта, покажуваат анализите од судска медицина
Освен повредите на телото кои ги имала од падот од терасата од 6-от кат, Ивана Јовановска имала крвни подливи на брадата и вратот од тап и тврд предмет, настанати десет дена пред настапувањето на смртта или истиот ден кога настапила нејзината смрт. Ова го кажа експертот по судска медицина, вештакот Златко Јаќовски, кој денеска ги презентираше наодите во предметот против Стојанче Јовановски, обвинет за три кривични дела меѓу кои и наведување на самоубиство на сопругата.
Тој посочи дека кај Ивана не биле констатирани ниту алкохол ниту други психоактивни супстанци, додека кај обвинетиот Стојанче Јовановски, според анализите од судска медицина, имало и кокаин и лекови за смирување.
„Со токсиколошката анализа на крвта и урината, кај лицето Стојанче Јовановски во урината е констатирано присуство на кокаин со концентрација од 307,5 нанограми на милилитар како и присуство на бензодиазепини, лекови за смирување во концентрација поголема од илјада нанограми на милилитар. Има присуство на „дијазепам“ а во урината „нордијазепам“ и метаболит на кокаин“, рече Јаќовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стојанче имал кокаин и лекови за смирување…
Освен повредите на телото кои ги имала…
„Ги соочив Ивана и Саздов, ми рекоа…
Стојанче Јовановски, обвинет за три кривични дела…
Нови снимки во судницата: Стојанче ја удира…
Во скопскиот Кривичен суд продолжи судењето против…
Обвинителот Смилевски го презема случајот „Талир 2“,…
Нов обвинител го презеде предметот „Талир 2“,…
Димитровска влезе во судница: Мислам дека не…
Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување…